Учениците од ОУ „Григор Прличев“ заедно со наставниците, во понеделникот изведоа еднодневна екскурзија во општина Вевчани.

Како што велат наставниците од ова охридско основно училиште, учениците се запознале со архитектурата карактеристична за Вевчани, ги посетиле добропознатите Вевчански извори, при тоа јакнејќи ги психофизичките способности преку меѓусебното дружење.

„Задоволството беше видливо на многубројните детски лица кои ветија дека повторно ќе дојдат во Вевчани и тоа веќе на антологискиот карневал во јануари.“ – велат наставниците.

OhridNews