Основното училиште „Христо Узунов“ – Охрид се приклучи кон акцијата „Македонија без отпад“.
Целта на проектот е преку дебати и предавања помеѓу учениците и наставници е да се да се развие еколошката свест, односно да се пренесе порака до граѓаните за правилно управување со отпадот. Како завршна активност, основците од „Христо Узунов“ на градскиот плоштад го изведоа планираниот перформанс „Flash mob“, под раководство на наставничката Наташа Пупиноска Групчева.
Кон еко акцијата Македонија без отпад се приклучија и учениците од ОУ Григор Прличев. Денот беше обележан со чистење на училишниот двор, практична едукација за сортирање на отпад и преку песна испратија апел за здрава и чиста животна средина.
OhridNews