Во основното училиште ОУ “Дебрца” се одржа завршната приредба на заедничкиот проект помеѓу ова училиште и словенечкото “Нове Фужине” од Љубљана, насловен “Разликите не збогатуваат” .

Во рамки на културно- уметничката програма учениците изведоа неколку литературни и фолклорни точки, карактеристични за словенечкото подрачје, а преку одржаната презентација покажаа што се научиле за земјата и  традицијата на своите врсници од Словенија, за историското минато на Словенија, културните, историските, географски карактеристики.


Целта на проектот во кој освен основците од Дебрца, се вклучени и нивните врсниции од Љубљана, е да се зголеми почитувањето, меѓусебната толеранција, како и да се прифатат културните разлики.


Иницијативата за реализација на проектот е на Мирче Иванов, македонец кој со години живее и работи во Република Словенија, воедно и претседател на македонското културно друштво “Македонија”. По негова иницијатива секоја година се поврзуваат училишта од Словенија и Македонија, кои потоа преку бројни активности меѓусебно се запознаваат .

Завршната приредба од проектот во Љубљана ќе се одржи во понеделник, на која словенечките ученици ќе презентираат што се научиле за Македонија.

OhridNews