ОУ „ Григор Прличев“ –Охрид се вклучи во хуманитарната акција на Црвениот крст за населението од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

По тој повод, вчера, во училиштето се одржа акција за собирање на помош. Во текот на денот собрана беше поголема количина конзервирани и трајни прехрамбени производи, флаширана вода за пиење, храна за бебиња, средства за хигиена, облека, обувки, кебиња…

-Многу е важно што кај учениците се развива свеста за солидарност, да се даде помош во моменти кога на човек му е најпотребна, да се сочуствува со туѓата болка, да се размислува за природните катастрофи како нешто што може да му се случи на секого и секаде, но токму човечкото во нас истите може да ги ублажи. – велат од училиштето.

OhridNews