Десет ученици од новинарската секција при ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, со своја креативна маска „Ангели и демони“, зедоа учество на Струмичкиот Карневал 2011. Учениците ја изработија маската, а пораката беше дека доброто и злото се двете страни на медалот.


Чест и задоволство ни беше да учествуваме на овој карневал. Нашето училиште оствари соработка и со ОУ „Даме Груев“ од Куклиш, чии ученици беа наши домаќини. Воодушевени сме од прекрасната организацијата на карневалот и презадоволни од гостопримството на домаќините. Сепак нашата посета немаше да се реализира доколку не беше безрезервната поддршка од страна на родителите на нашите ученици кои долго ќе го паметат гламурот под маски, велат од ОУ Ванчо Николески.


Годинава на Струмичкиот карневал можеа да се видат 64 маски, а броеше над  1. 750 учесници од повеќе градови од Македонија. На Струмичкиот Карневал учествуваа и групи од : Романија, Албанија, Словенија, Бугарија, Србија и Црна Гора.

OhridNews