Победниците беа наградени со многу подароци и изненадувања. Тие се изборија за учество во големото финале кое ќе се одржи на крајот на учебната година. Ќе имаат и можност да ги посетат Хидроелектричната централа „Матка“, Центарот за односи со корисниците на ЕВН Македонија, а заедно со другите учесници ќе ја проследат и првата патувачка детска опера „ Јованче и Марика “.
Струшките основци најдобри на квизот за енергетска ефикасност
Во рамките на националниот квиз, наградени беа и ученици кои учествуваат во литературниот и ликовниот конкурс што трае во текот на целата учебна година и каде дечињата ни ги испраќаат своите литературни и ликовни творби на тема „Разумно користење на електричната енергија“.
Училишниот проект на ЕВН Македонија ќе продолжи и во второто полугодие и ќе финишира со големиот финален квиз за енергетска ефикасност кој ќе се одржи на крајот на школската година.