Ученици ќе читаат извадоци од неговите романи за деца: „Големата шума“, „Таинствени води “ и „Времето на црвените рози“ , а низ разговор со него ќе откријат многу непознати детали околу неговата инспирација, стил и воопшто за светот на пишуваниот збор.
Утре, симболично ќе биде означен и почетокот на работа на возобновената веб – страница на Основното училиште „Свети Климент Охридски “. Во иднина учениците, нивните родители и воопшто јавноста, преку неа ќе можат најдиректно да се информираат за вкупното работење на оваа образовна институција.
Средбата со писателот Видое Видически и ребрендираната веб – страница се дел од активностите кои се преземаат во рамките на проектот „Медиумска писменост и култура“, поддржан од Општина Охрид.