Во рамки на наставните активности, учениците од трето и четврто одделение од основното училиште „Св. Климент Охридски“ денеска извршија  посетија на локалната самоуправа.

Учениците имаа можност да ги разгледаат кабинетот на градоначалникот Никола Бакрачески, работните простории на администрацијата и салите за состаноци.

Основците имаа средба со претседателката на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска, која ги информира за функционирањето на  Локалната самоуправа и администрацијата.

OhridNews