Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“, заедно со своите наставници, Никица Мишева и Димитрие Ристески, беа во посета на Институтот за филм – Филмска академија, каде остварија средба со познатиот македонски режисер, Иво Трајков.
Професорот Трајков, преку своето предавање, на мошне интересен и сликовит начин, ги воведе учениците во тајните на филмската уметност. Притоа учениците зедоа учество со свои прашања, а имаа можност да проследат и анимиран филм, изработен од студентите на Академијата за филм во Прага.
Од училиштето упатуваат голема благодарност до Филмската академија и се надеваат дека соработката ќе продолжи со што ќе се придонесе за развојот на креативноста кај помладите генерации, кои сé повеќе покажуваат интерес за снимање на сопствени кратки филмови со кои би зеле учество на аматерските филмски фестивали.
OhridNews