По повод Светскиот ден за борба против дијабетесот – 14 Ноември, во ОУ „ Христо Узунов“ преку разни активности учениците беа запознаени со самата болест, причините и начинот на лекување и превенција. На учениците од осмите одделенија им се обрати д- р Лилјана Ангелеска, доктор интернист, која имаше предавање за болеста дејабетес, видовите , како се добива и кои се главните причинители.
Истовремено наставниците по физичко и здравствено образование од училиштето Стефанка Ангелоска и Гоце Тасески, заедно со одделенските раководители од четвртите одделенија организираа меѓуодделенски натпревари – полигон.
Од училиштето најавуваат и други активности со вклучување на повеќе субјекти, сеж со цел подигање на свеста за здрав начин на живот на децата во училиштето и домот.
Дијабетесот како болест зема сеж поголем замав како во светски рамки, така и во нашата држава. Причината која допринесува за сеж поголем број заболени и кај младите е неправилната исхрана и недоволната физичка активност.
OhridNews