Уапсен бил човекот кој со децении живеел како самотник во шумите во централниот дел на американската држава Мејн, а кој е осомничен за повеќе од 1000 провали, соопштиле властите. Државната полиција навела дека Кристофер Најт бил уапсен минатата седмица кога бил уловен на сензор додека крадел храна во кампот на Ромите.

Властите ја откриле локацијата на која Најт, како што се смета, живеел 27 години. Бил уапсен минатиот четврток, кога побегнал од кампот со украдената храна вредна 283 долари. Полицијата навела дека во тој камп провалил околу 50 пати откако почнал да живее во шумата во 1986 година. Сега се наоѓал во окружниот затвор во Кенебек, а обвинет е за провала и кражби.