Еден од осомничените за оружениот инцидент што на 19-ти јануари се случи кај Женска плажа во центарот на Струга, и побегнал на полицијата од болницита во која бил згрижен поради повредите здобиени во пресметката исеуште се наоѓа во бегство.
-Едно лице избега преку прозор од хируршкото одделение на струшката болница искористувајќи го моментот кога полициските службеници вршеле смена. Се преземаат мерки за негово приведување и прашање на време е кога тоа ќе биде направено, изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Истражен судија на пет од шестмината приведените им одреди мерка притвор во трање од 8 до 30 дена.
Причините за пресметката во која учествувал и Александар Верушески, инаку син на поранешен висок полициски функционер, била меѓусебна нетрпеливост која траела подолго време. При претрес на неговиот стан полицијата соопшти дека пронашла муниција, непозната прашкаста материја и поголема количина таблети, кои се предадени на вештачење.











