По повод Светскиот ден на учителот, на научно-стручна трибина на тема: „ Учителот некогаш,денес и утре“ која се одржа на Факултетот за образовни науки во Штип, учествуваше и претставник од Охрид, професорката по одделенска настава во Основното училиште„ Кочо Рацин“, Виолета Петковска која изврши презентација на темата: Практични часови по ликовно-естетска апрецијација во одделенска настава.
Како што објаснува Петковска, станува збор за проектна активност која ќе овозможи користење на нови методи при изведувањето на наставата по предметот ликовно воспитување.
Со примената на ИКТ технологијата, копии од уметнички дела од познати автори од теми цртање, сликање, моделирање ќе може да се споредуваат со цртежи од ученици и на тој начин да се перцепираат линии ,бои и други ликовни елементи.
OhridNews