Поранешниот евроамбасадор во Македонија, искусниот ирски дипломат Ерван Фуере, деновиве повторно е во Охрид, чиј почесен граѓанин е од 2010 година. Тој ќе присуствува на верската церемонија и одбележувањето на православниот празник Богојавление – Водици на градското пристаниште, како и на Денот на рибарите, на 20-ти јануари, кој годинава ќе се одбележи на Сараиште. Неофицијално има најави дека тој ќе заплива во студените езерски води, што речиси редовно го правеше во минатото.

Фуере деновиве престојуваше во ресторанот „Потпеш“ кој традиционално ќе се приклучи на општонародната прослава по повод празникот Водици, а според најавите подготвено е и едно буре со вино кое ќе се фрла во езерските води за Денот на рибарите.

OhridNews