Селекторот на Костарика, Паоло Ванчоп си поднесе оставка откако имаше вербална пресметка со еден од редарите на трибините во текот на мечот меѓу младите селекции на Костарика и Панама.


Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити ден после немилиот настан со соопштение се обрати до јавноста и објасни што точно се случило.

– Редарот не ми дозволи да влезам на теренот иако имав соодтвена легитимација, па морав сам да ја отворам вратата. Кога се обидов да влезам редарот ме оттурна и му вратив со иста мерка. Јавно им се извинувам на сите и ја прифаќам кривицата. – рече Ванчоп.

Тој селекторска функција во Костарика ја презеде по завршувањето на Мундијалот во Бразил минатата година, а се задржа само една година.

Ohridnews