Неуспехот на „азурите“ во бараж двомечот со Шведска за пласман на Светското првенство во Русија ќе значи вртење на нов лист во репрезентацијата на Италија. Четирикрантниот светски шампион после 14 констатни учества на Мундијалите нема да биде дел од собирот на најдобрите фудбалери во светот.

Селекторот Џампјеро Вентура си поднесе оставка веднаш после реваншот, додека со националниот дрес се збогуваа капитенот Џиџи Буфон, дефанзивците Андреа Барзаљи и Џорџо Киелини и предводникот на Рома, Даниеле де Роси.

Од сите овие најголема трага остави Буфон кој на високо ниво бранеше од самото деби во италијанскиот дрес. Барзаљи и Де Роси беа дел од „златната“ репрезентација во 2006 година, додека неуморниот борец Киелини со својата борбеност беше пример за помладите генерации.

Италијанските медиуми и фудбалските познавачи за нов селектор го посакуваа Карло Анчелоти, кој би имал ѓаволска тешка работа на клупата, бидејќи прво ќе треба да ја врати довербата и победничкиот менталитет, а потоа и Италија каде што припаѓа во самиот фудбалски крем.

OhridNews