Предлог  одлуките за  усвојување  на   Извештајот за остварување на  Буџетот  за периодот од 01.01. до 30.09.2013 година и донесување на  Буџетски календар на општина Охрид за 2014 година, се дел од вкупно 22 точки на дневен ред кои ќе се најдат пред советниците на седницата закажана во вторник, 29- ти октомври.

Советнците ќе расправаат и за извештаите за реализација на програмите од комуналната сфера,  давањето  согласност  на одлуката  за измена  и дополнување на  одлуката за  утврдување на висината на надоместокот на  услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“, како и за неколку урбанистички репенија.

OhridNews