31-та седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи денес со почеток во 9 часот. Советниците ќе расправаат за училишните екскурзии, годишните извештаи на работа на училиштата, формирање паралелки и годишните програми.

На дневен ред и тримесечните извештаи од работата на јавните претпријатија и годишниот план за вработувања, како и шестмесечните извештаи за реализација на програмите во повеќе области.

Советниците ќе гласаат и за предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2023 година, давање согласност на измени на годишниот план за вработување на Општина Охрид за 2023 година и предлог одлука за давање согласност на годишниот план за вработување на Општина Охрид за 2024 година.

Меѓу точките и тие кои се однесуваат на урбанистичко плански документации. Дневниот ред на линкот.

OhridNews