Осуди за инцидентите во Тирана стигнуваат од сите страни
26.11.12 07:00
Осуди и протестни ноти за палењето на македонското знаме и инцидентите што се случија деновиве во Тирана, стигаат од сите страни. Македонското друштво „Илинден“ од главниот град на нашиот западен сосед, испрати соопштение во кое најостро ги осудуваат овие нецивилизирани акти на поединци во Албанија.
Од ова друштво истакнуваат дека треба да се градат искрени и пријателски односи помеѓу двете земји. „Згрозени сме од овој вандалски чин за кој нема место на тлото на Европа. Лесно и непромислено е да се запали знамето на соседот, но треба храброст за да се изградат повторно пријателски односни меѓу двете земји“ – се вели во соопштението.
Инаку, инцидентот се случи за време на официјалната посета на македонскиот премиер на Тирана, кога беа симнати и запалени повеќе македонски знамиња. Исто така, изминатото деноноќие во тетовскиот регион настрадаа и неколку албански знамиња. Од министерствата за внатрешни работи на двете земји, најостро ги осудија овие инциденти и најавија брзо расветлување на овие немили настани.
Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата ...
Променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за сла...
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.