
На станичното подрачје на полициската станица Струга, случени се пет кривични дела „тешка кражба“, четири „оштетувања“, едно нарушување на јавниот ред и мир и четири сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.
На подрачјето на полициската станица Кичево, регистрирани се едно кривично дело „измама“, едно кривично дело „тешка кражба“ и еден случај на омаловажување на униформиран полициски службеник.
На станичното подрачје на полициската станица Дебар, евидентирани се два случаи на „оштетување“, соопшти СВР Охрид.











