Осум пожарникари од Територијалната противпожарна едница од Охрид ќе бидат дел од тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој ќе замине на спасувачка мисија во Република Турција, со цел да се помогне во извлекување на настраданите од катастрофалниот земјотрес, информира на фејсбук профилот градоначалникот Кирил Пецаков.

Спасувачкиот тим од Охрид е опремен со две возила и најсовремена опрема наменета за посебни спасувачки мисии, се вели во објавата.

Командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски, кој и самиот ќе биде дел од тимот вчера истакна дека се подготвени ако биде побарано од нив да се приклучат на спасувачките тимови, потенцирајќи дека имаат екипа оспособена за вакви видови интервенции, како и тоа дека пред извесно време имаат добиено техничка опрема за дејствување во вакви комплексни непогоди.

OhridNews