Во експлозија на плинска боца што се случила вечерва на улицата „Будамеш“ во Прилеп, повредени се осум лица, меѓу кои еден пожарникар.

Сите повредените се вон животна опасност и се хоспитализирани.

Сопственикот на станот каде се случила експлозијата, во изјава за медиумите раскажа дека при употреба на плинска боца истата најпрвин пламнала, а при обид да ја изнесе огнот се проширил и не можел ништо да стори. Уследила силна експлозија.

Благодарение на брзата интевенција на пожарникарите било спречено ширење на пожарот.

OhridNews