Од 21 јануари , дозволено е внесување и изнесување на алкохол и алкохолни пијалоци и преку граничниот премин „Блато“, информираат од Царинската управа.

На иницијатива на Царинска управа, Владата на Република Македонија донесе одлука со која се дозволува внесување и изнесување на алкохол и алкохолни пијалоци и на овој премин. Досега, размената на ваква стока со Република Албанија беше можно да се изврши само преку граничниот премин „Ќафасан“.
 
–    Проширувањето на постојната листа на царински испостави преку кои се врши внесување и изнесување на определени стоки е во интерес на деловната заедница. Со тоа, не само што се зголемува можноста за избор на испоставата преку која ќе се изврши увоз и извоз на ваква стока, туку и се остварува ефективна заштеда на ресурси бидејќи се намалуваат транспортните трошоци, велат од Царинската управа.

Поради специфичните својства, увозот и извозот на оваа стока може да се врши само преку претходно утврдени гранични премини.

Ohridnews