Здружената опозиција нема да учествува и целосно ќе ги бојкотира претстојните локални избори, покажуваат неофицијалните информации на Државната изборна комисија.
Според информациите, до 12 часот на полноќ кога истекуваше законскиот рок предвиден за предлагање кандидат за градоначалник, не е поднесена ниту една кандидатура од страна на партиите од опозицискиот блок.
Ова вечерва го потврдија и првите на луѓе на општините Охрид и Куманово, Александар Петрески и Зоран Дамјановски, кои истакнаа дека нема учестуваат на изборите. Единствено само Стевчо Јакимовски, е единствениот градоначалник на СДСМ кој и покрај одлуката на Црвенковски за бојкот влегува во изборната трка.
Инаку, пратениците на опозицијата ги депонираа своите оставки за 24-ти март, денот на локалните избори.
OhridNews