Осветувањето на празникот на Светите Адријан и Наталија го изрши Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј кој отслужи литургија во новоосветениот храм.

Храмот Вознесение Христово е изграден во местото викано Трпејчко поле – Глајшо во Трпејца со поддршка на народот и верниците.

Митрополитот Георгиј им додели благодарници на помагателите, меѓу кои и на Ацо Таламаноски, кој е најзаслужен за изградбата на овој храм. Тој беше одликуван со орден „Свети Наум Охридски“ од втор ред, соопшти Дебарско – кичевската еапархија.

Г.М.
Фото: Дебарско – кичевска епархија