По реакцијата на граѓаните за проблемите со уличното осветлување на улицата „Питу Гули“ во населбата Влашка Мала, од локалната самоуправа информираат дека вечерва овој потег повторно ќе биде осветлен.

Причините поради кои синоќа оваа улица беше во целосен мрак  се градежните зафати за пренос на високо-напонска електрична мрежа до трафостаницата, со цел надлежните служби во иднина во случај на дефект, да можат соодветно и брзо да реагираат.

OhridNews