Со црковни свечености, денеска на пладне, ќе бидат осветени новите конаци на манастирот Св.Стефан. Со богослужбата ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Пештерната црква „Св.Стефан” датира од IX век и е единствена црква посветена на овој светител во Македонија. За црквата е искористена една природна пештера која од јужната страна е преградена со ѕид од кршен камен. Покрај црквата во подоцнежниот период се изградени и конаци. Во поново време реконструиран е надворешниот дел на манастирот, изградена е нова камбанарија на местото на старата, како и новите конаци.

OhridNews