Австралиски магазин распишал конкурс на кој победникот на наградната игра ќе добие бесплатен развод.

Магазинот ќе му помогне на еден пропаднат маж без трошоци да се претвори во посакуван самец. Магазинот “Zoo Weekly” му нуди на победникот на натпреварот пакет вреден 10.000 долари во кој се вклучени трошоците за адвокат, судските трошоци, како и забава со “pin-up” девојки после разводот.


Тоа не е се, тука и чистачка која два месеци после разводот ќе го одржува неговиот стан, потоа плазма ТВ, Плејстејшн 3 и годишна претплата на магазинот “Zoo Weekly”.

„Сакаме да му помогнеме на еден маж повторно да застане на нозе и да му овозможиме да запознае што повеќе девојки. Кога ќе пропадне бракот е навистина тажно, меѓутоа, уште потажно е кога сте приморани да го делите станот со личност која ве измамила или повеќе не ве сака“, изјавил уредникот на магазинот Пол Мерил.

Претставници на магазинот изјавија дека конкурсот не е повик до мажите да ги остават своите жени, бидејќи никој со здрав разум не би ја оставил жената која ја сака и со која е среќен во бракот.

Понудата за бесплатен развод следела по претходното натпреварување каде магазинот нудел зголемување на гради на девојката на еден од среќните читатели.