Од АМСМ информираат дека на магистралниот пат А2 Кичево – Охрид, на потегот од Пресека до село Песочан, од денес, 2-ри ноември, поради изведување градежни работи (асфалтирање) наместа сообраќајот ќе се одвива со девиации. Сообраќајот ќе се одвива со преминување од една во друга коловозна лента, за што ќе биде поставена соодветна соообраќајна сигнализација.
Работите ќе се изведуваат во наредните 10 дена.
OhridNews