Денес, на првото продолжение од вчера започнатата седница, пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски која ја поднесоа Зоран Илиоски, Никола Мицевски, Љупчо Димовски, Весна Пемова и Ванковер Манчев.

На дневен ред е и предлот за интерпелација на министерката Мила Царовска што го потпишаа пратениците Владимир Ѓорчев, Благица Ласовска, Димитар Стеванџија, Слаѓана Митовска и Павлинче Честојнова.

Парлементот вчера ја отфрли интерпелацијата на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

OhridNews