Едно машко лице од Малме, Шведска, било во бегство откако во 2011 година бил издаден налог за негово апсење поради убиство на водачот на бандата „Волчјо братство“. Јавноста би очекувала дека полицијата ќе го дочека со раширени раце кога конечно ќе одлучи да се предаде. Но, вистината е далеку од тоа. По 15 месеци бегство отишол во полицикса станица во Малме со намера конечно да се предаде. Бил многу изненаден кога нешто по 18 часот во полициксата станица му рекле дека работното време е завршено и дека станицата е затворена. Тој во интерфонот рекол дека е осомничен за убиство и дека полицијата едвај чека да го фати.
Но наместо да ја отворат вратата и да го уапсат бегалецот, полициските службеници го упатиле во друга станица. Откако отишол таму конечно бил уапсен. Експертите за шведско право не го кријат чудењето од овој случај. Осомничениот тврди дека е невин и рекол дека немал никаква врска со убиството на водачот на бандата. За медиумите изјавил дека би бил идиот да оди во олиција и да се предаде доколку не бил невин.