Неформалната организација „Чист Охрид“ деновиве ја најави седмата акција која требаше да се реализира викендов на локацијата кај некогашниот полигон за мали спортови, која ве меѓувреме е исчистена.
– Се чини дека најавата ги поттикна граѓаните да дејствуваат на своја иницијатива. Во моментов нема официјални информации за тоа кој ја спровел оваа акција, меѓутоа “Чист Охрид“ со задоволство објавува дека локацијата во моментов е исчистена. – велат од неформална еколошка организација.
Волонтерите од „Чист Охрид“ сепак најавуваат дека акција во недела ќе има на повеќе други локации. Местото на собирање останува исто, паркингот пред ресторан Европа во 12 часот, информираат од „Чист Охрид“.
OhridNews