Фудбалскиот клуб Вест Хем го раскина договорот со Славен Билиќ. Причина за отказот на хрватскиот стручњак се слабите резултати на „чеканите“ во Премиер лигата.
– Претседателот и членовите на Управниот одбор му изразуваат голема благодарност на Билиќ и неговите соработници за се` што направија за Вест Хем последниве три сезони. На заеднички состанок сите заедно одлучивме за промени и мислам дека не погрешивме, бидејќи Вест Хем почна да чекори по патеки кои не се соодветни за амбициите на клубот. – стои во соопштението од клубот.
Вест Хем после 11-ет одиграни мечеви се наоѓа во зоната на испаѓање со две победи и дури шест порази. Паузата во Премиер лигата поради репрезентативните обврски повеќе од добро ќе им дојде на „чеканите“.
Точна и прецизна информација се` уште нема нема за наследник на Билиќ, но кандидат број еден е поранешниот менаџер на Евертон, Манчестер Јунајтед и Сандерленд, Дејвид Мојс.
OhridNews