Со отказ од Националната хрватска телевизија (ХРТ) легендарниот спортски коментатор Драго Чосиќ го плати препродавањето на билетите за финалето на Мундијалот во кој силите ги одмерија Хрватска и Франција.

Епилогот од целата ситуација е очекуван, но сите спортски работници на Балканот останаа фрапирани од потегот на Чосиќ кој со својот глас и стил на коментирање си обезбеди место помеѓу легендите.

Чосиќ преку ХРТ обезбедил 40 билети и заедно со уште неколку луѓе ги продавал на црно. Цената на билетите за финалето во Москва достигнале и до 20 000 евра.

Каналот на Чосиќ и останатите бил откриен уште вечерта во текот на финалето, но ФИФА со помош специјализирани служби ден-два после големата еуфорија го одмотала клопчето.

Покрај спортскиот новинар Чосиќ отказ доби уредникот на програмата Јоже Баришиќ и уредникот на технологијата Никола Боначиќ Крешиќ кои биле дел од хрватска телевизиска екипа во Русија.

OhridNews