Екс селекторот на Македонија, Љубинко Друловиќ ќе добие отказ по завршување на есенската полусезона, а управата на Партизан веднаш по шокантната елиминација од Аугзбург во Лигата на Европа.


„Црно белите“ сите коцки ги имаа фрлено кон Лигата на Европа по лошиот старт во националниот шампионат, но испаднаа во групната фаза иако беа на чекор од пласман во елиминациската фаза.

Навивачите на Партизан по завршувањето на мечот со Аугзбург кој домаќините го изгубија со 3-1 веднаш имаа средба со управата која поднесе колективна оставка.

Истата судбија (ќе) го снајде и Друловиќ кој замина од селекторската клупа на Македонија да го предводи тимот на Партизан.

Во рок од 30 дена „гробарите“ ќе одржат собрание на кое ќе назначат нови членови во управата и нов тренер.

ЛЕ : Партизан сурово казнет од Аугзбург (видео)

Ohridnews