Роналд Куман не е повеќе менаџер на Евертон, откако клубот од Гудисон Парк предвреме го раскина договорот со холандскиот стручњак.

„Карамелите“ трпението со Куман го изгубија после двата порази на домашен терен. Прво изгубија од Лион 2-1 во Лигата на Европа, а викендов кој измина доживеаја тежок дебакл Арсенал 5-2 во Премиер лигата 

Евертон беше една од најактивните екипи во летниот преоден рок потрошувајќи повеќе од 100 милиони евра. Вложените средства во играчи тимот предводен од Куман не ги оправда и отказот е очекуван.

Како можна замена за Куман се споменува поранешниот стратег на Евертон, Дејвид Мојс кој би требало палката во клубот да ја преземе од утре.

OhridNews