Љубовта меѓу шпанскиот стручњак Рафа Бенитез и Реал Мадрид заврши неславно откако тренерот доби отказ, пренесуваат шпанските медиуми.


Најдобриот шпански весник Марка во својата информација за Бенитез наведува дека слабите резултати во серија се причина за отказот од Флорентино Перез.

Најзадоволни од овој епилог ќе бидат навивачите кои уште од стартот покажаа нетрпеливост кон Бенитез кој пак бараше време да ги придобие.

Прв кандидат за наследник на Бенитез се наведува Зинедин Зидан кој моментално ја предводи екипата на Кастиља.

Ohridnews