На полицаецот од Единицата за специјални задачи и осомничен за убиство на младиот Мартин Нешкоски, изречена му е мерка отказ, информираат од Министретсвото за надворешни работи.

„На И.С., полицаец во Единица за специјални задачи, изречена му е мерка „отказ“ (осомничен за убиство)“, се вели во соопштението од МВР.

Мартин Нешковски во неделата на 5. јуни вечерта по полноќ, за време на прославувањето на изборната победа на ВМРО – ДПМНЕ на градскиот плоштад, беше претепан до смрт од страна на специјалецот Игор Спасов.

OhridNews
извор: „Макфакс“