Ниту трофејот во ФА Купот не успеа да го спаси холандскиот тренер Луис ван Гал кој заработи отказно решение од Манчестер Јунајтед.
За отказот се пишуваше и шпекулираше долго време, а дојде два дена по освојување на единствениот трофеј по заминување на Сер Алекс Фергусон од клубот.
Холанѓанецот менаџерската палка на Олд Трафорд ја презеде пред две години по завршувањето на Мундијалот во Бразил, но не успеа да го врати клубот на шампионските патеки.
Наследник на Ван Гал на Олд Трафорд најверојатно ќе биде Жозе Мурињо кој според англиските медиуми договорил соработка и кои фудбалери ќе ги доведе во првата сезона.
Исклучувајќи го Лестер, последните три шампиони во Премиер лигата, Манчестер Сити, Челси и Манчестер Јунајтед со нови менаџери ќе ја започнат сезоната која доаѓа.
OhridNews