Нови проблеми за селекторот Џон Тошак во пресрет на пријателскиот дуел во Луксембург. По повредата на Новевски, од истите причини ослободување од обврските побара и Горан Попов кој со својот клуб Динамо Киев се наоѓа на подготовки во Израел.

Попов го информирал селекторот Тошак дека по вчерашните два напорни тренинзи денеска му се појавил оток на коленото по што клубскиот доктор побарал неколкудневно мирување со страв да не се обнови повредата поради која нашиот репрезентативец беше подложен на оперативен зафат и паузираше неколку месеци.

Од тие причини Тошак дополнително во тимот го повика Владимир Димитровски кој настапува за екипата на Млада Болеслав.

ohridnews