По Атлетскиот митинг откажан е и охридскиот атлетскиот маратон кој традицонално се одржува на 8 септември денот на независноста на Македонија. Финасиските проблеми се единствената причина поради која годинава нема да се запази традициијата и охриѓани нема да го видат 26 издание на маратонот кој во должина од 30 км се трча од караулата СВ Наум до градското пристаниште во Охрид.


– Немањето на средства не притисна оваа година да го откажеме маратонот.  Не сакавме да иморвизираме и да на навлегуваме во некакви авантури, проблемите се таложат неколку години, лани не беше ништо подобра ситуацијата ама поради тоа што беше јубилејен 25 – ти маратон не сакавме да го откажеме. Годинава немаме ниту сили, а ниту средства да го организираме маратонот – велат од Организациониот Одбор.

Охридскиот атлетски маратон се прв пат се одржа во 1976 година и тоа на 13 ноември  денот на ослободувањето на Охрид. Таа традиција траеше се до 1993 година кога се прекина со  одржување на манифестацијата. Истата беше возобновена во 2004 година, а наместо на 13 Ноември, се организираше на 8 септември. Од 2004 година наваму маратонот од година во година земаше поголем замав а во последните две години на него учествуваа преку сто атлетичари од европа.


– Тамам постигнавем некое ниво на интересна манифестација за добар дел од Европа, ние мора да ја згаснеме. Имамве пријави дури од Мароко, Чешка, Молдавија и Полска ама што да се прави, кога не сме (се)моќни – велат организаторите.

Охридскиот атлетски маратон е сврстен меѓу настаните во светскиот календар. Целата финасиска конструкција на оваа манифестација е сведена на 10 илјади евра, од кој досега дел ги обезбедуваше Агенцијата за Млади и Спорт, Атлетска федерација на Македонија, охридската локална самоуправа, а дел успеваше да се закрпи со спонзорства кои ги обезбедуваше организациониот одбор. Вака оставени сами на себе охриѓани велат дека едноставно мора да го откажат.


Петрески и Грозданов на јубилејниот 25 – ти маратон

Атлетскиот маратон не е единствената атлетска манифестација која се откажа годинава во Охрид. И покрај што лани имаше успешен старт, а лично промотор на атлетскио митинг беше Сергеј Бубка оваа година митингот остана заборавен од страна на инстутициите , по што истиот беше откажан. Поставувањето на тартан патека наместо да биде дополнителен импакт за охридската атлетика, “кралицата“ влезе во таков тунел што не му се гледа крајот.

М.П.