Недостигот на средства и немањето желба за импровизации на организаторите се главните причини за откажувањето на меѓународниот атлетски митинг кој требаше на 29 јуни да се одржи во Охрид. Митингот во своето деби издание, доби многу пофалби, беше искачен на скалило погоре добивајќи “ареа пермит“  предзнак, но наместо прераснување во традиција уште на вториот чекор се соочи со потешкотии и откажување.


– Како и минатата година се обративме до сите инстутици, но не добивме никаков позитивен одговор. Централната и локалната власт, како и приватните компании, не најдоа за потребно да го поткрепат митингот со финансии за организација. Проблемите не се решаваат во 5 до 12 и не сакаме да импровизираме, за сериозен исчкор треба по сериозно да се свати вавкиот настан – вели директорот на митнгот Иван Цветкоски.

Промотор на митингот во своето прво издание беше легендарниот украински атлетичар Сергеј Бубка, а учествуваше најдобриот романски натпреварувач во три скок Романецот Марјан Опреа кој подоцна на ЕП во Барселона се закити со сребрен медал. Преку 200 пријави стигнале на адреса на охриѓани за овогодинешното издание, кое на жалост мореше да биде откажано.


–    Во минатиот период на наша адреса пристгна преку 200 имејлови на заинтересирани атлетичари да настапат на нашиот митинг,  но ние нема да можеме да ги угостиме. Постојано зборуваме за развојот на спортскиот туризам, но ние ниту еден ден не сме докажале како ќе го развиваме и што ваквите настани значат за тој развој – потенцираше Цветкоски.

За спортските работници поразително е тоа што спортскиот менаџмент каска зад онај забавниот кој успева преку разно разни спонзорства на приватните компани да донесе реномирани музички имиња во Македонија, додека пак кога станува забор за спортските манифестации кои се најголема пропаганда на државата нив никаде ги нема.

–    Без разлика на ова што се случи годинава, секогаш ќе има можност и ентузијасти кои ќе сакат да допринесат за разавојот на атлетиката, нормално доколку се најдат сериозни луѓе. Со многу малку средства може да постигме многу, ние со организирањето на вакви настани треба да го покажеме модерниот начин на размислување и градењето на професионалната реалција со европските партнери. Преку ваков тип настани покажуваме дали сме или не сме дел од европското семејство – завршува Цветкоски.

За равој потребно да се направи стратегија каков тип на манифестации ќе се организираат и истите да бидат беспрекорно организирани со што би ни се обелил образот.

М.П.