Поради владините препораки, се откажува и настанот за одбележување на Светскиот ден на ретки болести, закажан за утре, на градскиот плоштад во Охрид.

Со жалење ви соопштуваме дека за настанот за одбележување на светскиот ден на ретки болести во Охрид, се откажува по донесениот заклучок на денешната владина седница. Се надеваме на ваше разбирање и уште еднаш ви благодариме што ги обоивте социјалните мрежи со боите на ретките болести. – велат организаторите на настанот.

На препорака на Владата откажани се карневалите во Струмица и Прилеп и слични манифестации, а до 6 март сите спортски натпревари во земјата ќе се играат без присуство на публика.

OhridNews