Меѓународниот теквондо турнир кој требаше да се одржи на 20 јуни во СРЦ „Билјанини Извори“ е откажан поради новонастаната ситуација со пандемијата од вирусот Ковид -19.

Организаторот на турнирот, теквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ со голема жал за информираше јавноста за одлуката која Охрид го остави без еден од најголемите спортски збиднувања.

Цело време не губевме надеж дека ситуацијата ќе се подобри и во Охрид ќе имаме супер турнир со голем број на учесници. Подготовките почнаа уште од минатата година. Купивме опрема за теквондистите и судиите и подлога на која требаше да се борат најдобрите теквондисти од Балканот. Оваа прилика ќе ја искористам да им се заблагодарам на генералните спонзори „ПН Метал“ и Општина Охрид за поддршката и довербата. – вели во соопштението претседателот на клубот и Македонската ИТФ федерација, Марјанчо Лазаревски.

За квалитетот на турнирот говори фактот дека тој беше дел од ИТФ календарот на европско ниво.

OhridNews