Театарската претставата “Сон На Летната Ноќ” од Вилијам Шекспир, во режија на Иван Лео Лемо, во изведба актерите од Народен Театар Охрид, најавена за 8 и 9 ноември, се откажува соопшти утрово Центарот за култура.
Причина за откажувањето, како што се наведува во кусото соопштение, се технички проблеми. Со откажување на најавените претстави, се пролонгира почетокот на новата сезона на Народниот театар од Охрид.
OhridNews