Лошите временски прилики беа причината поради која беше одложен пријателскиот натпревар меѓу лидерите во Втората МФЛ , Охрид ’04 и лидерот во Третата МФЛ, Подмочани.


– Сакавме да спарингуваме со Подмочани, и на некој начин да го заокружиме овај есенски дел од првенствотото, но не сакавме да ризикуваме да ни се случи некоја повреда и го откажавме мечот – велат од охридскиот клуб.

“Рибарите“ ќе тренираат до 15 декември,по што следува пауза. Стартот на подготовките е закажан за 10 јануари наредната година. Пролетниот дел од првенството започнува на 6 март.

 

Ohridnews