Планот за објавување на документарниот филм за животот на седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер е одложен поради „чувствителниот“ материјал кој се најде во првата верзија и поради кој семејството на Германецот реши да побара промени.

Планот за објавување на филмот како дел од прославата на 50-тиот роденден на Германецот и 25-годишнината од неговата прва титула беше објавен во мај, но филмот нема да се појави во декември.

Режисерите и продуцентите сакаат повеќе време да го комплетираат филмот поради големиот материјал и чувствителноста на соддржината. – објави продуцентската куќа „Б/14 филм“ за „Билд“.

Беше најавено дека во филмот ќе има досега необјавени снимки од семејството, но јасно е дека последниот бор ќе го има 50-годишната сопруга на Шумахер, Корина и таткото Ролф, кои по несреќата во декември 2013 прават се што е можно да ја заддржат приватноста на Германецот.

Шумахер доби сериозни повреди на главата и мозокот при падот на скијањето на Француските Алпи, но фановите добиваат минимални вести за неговата здравствена состојба. 20-годишниот син на Шумахер, Мик веќе настапува во Формула 2 шампионатот, додека 22-годишната ќерка Џина-Мари се натпреварува во коњички натпревари. Корина вели дека постапките се за доброто на Михаел.

Тој е во најдобри раце во моментов и сите правиме сè што е возможно да му помогнеме. Но, морате да сфатите дека ја следиме неговата желба со тоа што неговата здравствена состојба не ја објавуваме на јавноста. – изјави Корина Шумахер во интервју за магазинот на Мерцедес.

OhridNews