Музичките концерти кои беа закажани за 7-ми и 8-ми август 2020 година на Градскиот стадион, од страна на една музичка продукција, нема да се одржат, информиратт во заедничкото соопштение Општина Охрид и ЈП „Билјанини Извори“.
Просторот на Градскиот стадион нема да биде изнајмен за овие концерти, затоа што е утврдено дека организаторот нема да може во целост да го испочитува Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија. – се вели во соопштението.

Во насока на остварување на економскиот бенефит, кој туристичките чинители го имаат од организирањето на ваквите концертни настани, Општина Охрид ќе даде дозвола за одржување на концерти на локации со кои стопанисува општината, само доколку организаторите гарантираат почитување на препораките за заштита, кои се утврдени со одредбите од Протоколот и ја преземат целокупната одговорност за здравствената безбедност на публиката. – истакнуваат од Општина Охрид.
OhridNews












