Поради постоење на основи на сомнение за сторени вкупно 4 казнени дела од кои три „Тешка кражба“ и една „Кражба“, секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против четири лица од Охрид, од кои две се малолетни.

Тие по претходен договор, на деветти овој месец  околу 23 часот од кабаре на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид одзеле поголемо количество виски, вотка, пиво и други алкохолни пијалоци. Тие, откако не успеале со физичка сила да ја отворат вратата од помошните простории, пронашле шипка со која при повторниот обид успеале да влезат во кабарето и да ги одземат алкохолните пијалоци. Притоа, тројца од пријавените се распоредиле по скалите околу кафе барот и внимавале да не наиде случаен минувач а двајца ја употребиле шипката за насилно кршење на влезната врата. Со одземените алкохолни пијалоци, пријавените се упатиле кон полигонот за мали спортови на улицата „Ванчо Николески“ каде почнале да ги конзумираат доведувајќи се во алкохолизирана состојба.

Тројца од пријавените ноќта помеѓу 4-ти и 5-ти овој месец, извршиле кражба во стаклара на улицата „Гоце Делчев“ каде со скала се качиле на поткровјето, влегле внатре и бесправно одзеле повеќе кабли, машинка за мешање гипс, бор машина и други поситни предмети. Следната ноќ, овие пријавени лица извршиле кражба во трафика на булеварот „Туристичка“. Тука со подесен алат го отвориле капакот од кровот на трафиката, влегле внатре и одзеле десеттина штеки цигари и помала сума пари. Истата група, ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти овој месец извршила кражба од продавница во селото Ботун каде со употреба на подесен алат и физичка сила насилно ја отвориле помошната врата од продавницата. Оттука бесправно одзеле десеттина шишиња коњак, мастика, енегетски пијалоци и повеќе  картички ваучери за мкобилни телефони.
 
Поради инволвираност на малолетни лица, за сторените казнени дела навремено се известени службите во центарот за социјални работи а разговорите со малолетниците се извршени во присуство на нивните родители, соопшти СВР Охрид.

OhridNews