
Анонимен извор за весникот „NEW YORK daily news“ изјавил дека ги видел баркодовите на нејзините чевли и ја прашал дали се украдени или позајмени. ЏејЛо му одговорила дека на цела нејзина облека има баркодови за полесно да може да се снајде со сета облека што ја има во Њујорк и Лос Анџелес и да не и се случи два пати да носи исто на себе.
-Модата ја разбира многу сериозно. Таа е опседната со тоа и затоа многу е внимателна во пристапот кон облеката и како изгледа пред камерите. – рекол изворот.











